Weekly News

Logo

04/10/2018

вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „СРБИЈА 2018“


Oд 7 до 12 октомври 2018 година, во Младеновац, Република Србија под покровителство на NATO – Euro Atlantic Disaster Response Coordination Center (EADRCC) ќе се одржи меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „СРБИЈА 2018“.
На вежбата ќе учествуваат два тима со вкупен број од 35 припадници на Републичките сили за заштита и спасување, а Дирекцијата за заштита и спасување со сопствени сили и средства ќе се вклучи со 24 припадници.
Со учеството на оваа меѓународна вежбовна активност се зајакнуваат капацитетите и подготвеноста за одговор на  тимовите за прв одговор, територијалната против пожарна единица од Тетово и Струмица како и Единицата за службени кучиња на МВР, кои се во состав на силите за заштита и спасување при ДЗС во делот на оперативно дејствување при спасување од урнатини и поплави.  Истовремено, се зајакнуваат и капацитетите на Дирекцијата за заштита и спасување за прием и пружање меѓународна помош при спасување од урнатини и поплави.

Преку вежбата ДЗС овозможува и промоција на Република Македонија како силен партнер во справувањето со природните непогоди и други несреќи на меѓународно ниво и создава можност за проверка на обученоста и подготвеноста на силите за заштита и спасување на Република Македонија.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации