01/11/2024

Апел по повод 1ви Мај - меѓународен ден на трудот

Дирекцијата за заштита и спасување апелира до сите граѓани на Република Македонија по повод претстојниот празник 1ви Мај внимателно движење низ шумските предели и придржување кон мерките за заштита од пожари. Имено, сите оние кои планираат утрешниот ден да го поминат на отворени места или низ шумските предели и други локации кои се со обрасната или необрасната шума, да не користат запаливи материи, не палат оган, не фрлаат догорчиња од цигари, не фрлаат отпадоци, стаклена амбалажа и слично, со кои би можело да предизвикаат пожари од пошироки размери. Секое непочитување на овие превентивни и заштитни мерки е казниво со Закон и казните за предизвикување на пожар достигнуваат до 3000 евра, како и затворски казни. Доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, Веднаш да ја известат Дирекцијата за заштита и спасување, Противпожарната бригада како другите надлежните служби во државата. Воедно на граѓаните им го честитаме 1ви Мај -меѓународен ден на трудот.