28/03/2024

Обука на противпожарната единица на Макпетрол АД-Скопје РЕ Охрид

Одделението за обука при Секторот за превенција, планирање и развој во ДЗС,во рамки на Центарот за обука, на 26.9.2018 одржаа специјализирана обука на противпожарната единица на Макпетрол АД-Скопје РЕ Охрид со цел:
- запознавање со системот за заштита и спасување и местото и улогата на единицата за заштита и спасување од пожари
- спроведување на мерките за заштита и спасување
- обука на припадниците на единицата и вработените во својот делокруг на активност
- проверка на можностите и постапките при употребата на единицата и расположивата опрема и МТС.
Организацијата и спроведувањето на симулациската вежба по утврдено сценарио на персоналот на Макпетрол АД-Скопје РЕ Охрид се изврши со цел подобрување на заштитните способности на персоналот и реакција во инциденти,вонредни,непредвидени и ситуации во услови на природни непогоди и други несреќи.