Дирекција за заштита и спасуваење на Република Македонија,врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст), а во врска со член 23 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14 и 27/2016), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/5 од 14.10.2016 година, бр.01-625/1 од 20.02.2018 година, бр.01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, објавува:
О Г Л А С
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 7 (седум ) ЛИЦА НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 7 (седум) лица преку засновање на работен однос на определено време за работните места:
I Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот
1.Самостоен референт – архивар, одделение за генерален инспектор - 1 извршител,
Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: завршено вишо, средно стручно или гимнзија
- Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење
Паричен износ на основна нето-плата: 15.689,00 денар за работното место под реден број 1 .
2.Раководител на ПОДЗС Крива Планка во Сектор за оператива и логистика – 1 извршител
Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: завршено одбрана, образование или правни науки
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен да има ниво на квалификации,
- Работно искуство: најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку 1 година работено во јавен сектор, односно 6 години работно искуство во струката од кои најмалку 2 години на раководно место во приватен сектор
Посебни работни компетенции
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење
- потврда за положен испит за административно управување
Паричен износ на основна нето-плата: 28.433,00 денари за работното место под реден број 2
3. Помлад соработник за пополна на штабови, единици и тимови за брз одговор со персонал одделение за организациско мобилизирачки работи во Сектор за оператива и логистика
Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: завршено одбрана , образование
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Работно искуство: со или без работно искуство
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење
Паричен износ на основна нето-плата: 20.987,00 денари за работно место под реден број 3
4. Раководител на ПОДЗС Кавадрци во Сектор за оператоива и логистика
Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: завршено градежништво и водостопанство,образование или одбрана
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Работно искуство: најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку 1 година работено во јавен сектор, односно 6 години работно искуство во струката од кои најмалку 2 години на раководно место во приватен сектор
- положен испит за административно управување
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење
Паричен износ на основна нето-плата: 28.433,00 денари за работното место под реден број 4
5. Советник за планирање и организирање на обука по хуманитарни мерки за заштита и спасување во Одделение за обука во Сектор за превенција и планирање и развој.
Кандидатот покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: Одбрана , Образование или Правни науки
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење
Паричен износ на основна нето-плата: 25.023,00 денари за работното место под реден број 5
6. . Советник за урбанистички планови во Одделение за издавање на урбанистичка согласност во сектор за превенција, планирање и развој
Кандидатот покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: градежништво и водостопанство, архитектура, Урбанизам и планирање
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење
Паричен износ на основна нето-плата: 25.023,00 денари за работното место под реден број 6
7. Советник за урбанистички проекти од високо градба во Одделние за издавање согласност во Сектор за превенција, планирање и развој
Кандидатот покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: Градежништво и водостопанство , Одбрана
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење
Паричен износ на основна нето-плата: 25.023,00 денари за работното место под реден број 7
II. Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здраствена способност
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оргинална форма или копија заверена кај нотар:
1.Доказ за државјанство на Република Македонија/ оргинал или копија уверение за државјанство
2.Доказ за општа здраствена способност/лекарско уверение оргинал
3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност/потврда
4.Уверение/диплома за звршен степен на образование/копија со нотарска заверка верно на оргинал
5.Доказ за познавање на јазик
6.Доказ за работно искуство
7.Доказ за познавање на комјутерски програми/потврда-сертификат-оргинал или коија
8.Биографија
III. Распоред на работно време: Работни ќасови во неделата-максимум 40 работни часови,работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот.
Работни денови: од понеделник до петок.
Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелески,, бр . 8 - Скопје касарна Гоце Делчев –Аеродром - Скопје(со назнака ,,за оглас за вработување,,)
Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.
Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.
Рокот за доставување на потребната документација е осум (8) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајки го денот на самото објавување)
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.
ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
Д И Р Е К Т О Р
АДНАН ЏАФЕРОСКИ