16/08/2022

41 состанок на Директорите за цивилна заштита на Европската Унија

Дирекцијата за заштита и спасување, претставувана од директорот г-н Аднан Џафероски и раководителот на одделението за меѓународна соработка  Валентина Атанасовска, ќе учествува на 41 состанок на Директорите за цивилна заштита на Европската  Унија за Европскиот економски регион и земјите членки.
Состанокот ќе се одржи на 27 и 28 септември 2018 година во Австрија,Виена.Станува збор за редовен директорски состанок во кој учесниците известуваат за напредокот и активностите во сферата на цивилната заштита од претходниот директорски состанок,кој се одржа во месец мај,во Софија.