29/03/2024

Симулација на вежба -“Сеопфатен одговор Водно 2018”

Од 17-21 септември 2018 во Домот на АРМ, согласно програмата за цивилно воена соработка CMEP помеѓу Министерството за одбрана и Инженерскиот корпус на Армијата на САД се одржа симулација на вежба-“Сеопфатен одговор Водно 2018” во која учество зема и Дирекцијата за заштита за спасување. На 19 септември 2018 во ВИП денот покрај директорот на ЦУК Агрон Буџаку, заменик министерот за одбрана-Беким Максути,командантот на Националната гарда на Вермонт-генерал Стивен Креј, министерот за транспорт и врски-Горан Сугарески, директорот на Генералштабот на АРМ-генерал мајор Зоран Милески, учество и свое обраќање имаше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски. Од ДЗС учество земаа и Ивица Наумовски-во групата на Операции, а во својство на лидер на групата, Душка Целеска и Александар Михов –членови на ГШ, Асим Селмани-член во групата за Планирање,во својство на контролор во вежбата,Дејан Спасевски-член во NICS групата и Оливера Петрушевска-од одделението за односи со јавност како претставник на Медиа центарот. ДЗС имаше вклучено и Подрачен штаб од 7 луѓе кои беа во својство на поддршка на ГШ на вежбата. Главната цел на вежбата е да ги потврди можностите и способностите на ГШ за управување на кризи за координација и комуникација со институциите на РМ при одговор во кризна состојба т.е. да се потврди меѓу институционалната комуникација за време на реакција за справување со поплава од голем размер и проверка на капацитетите за реакција. ДЗС следната 2019 година ќе биде носител на национална теренска вежба како продолжување на оваа командно-штабна вежба. Деталите околу истата ќе бидат дефинирани во месец ноември 2018 година.