28/03/2024

ДЗС одржа тактичко показна вежба на Противпожарната единица на Макпетрол АД-Скопје РЕ Гостивар

     На 19 септември 2018 година од страна на Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување беше организирана Специјализирана обука со ТАКТИЧКО - ПОКАЗНА ВЕЖБА, на Противпожарната единица на Макпетрол АД-Скопје РЕ Гостивар, за евакуација на вработените и посетителите во случај на некотролирано истекување течен нафтен гас во Складот за течен нафтен гас „Гостивар“ – Гостивар и тактичко показна вежба за гаснење пожари.

     На обуката присуствуваа 11 лица, припадници на единицата за заштита и спасување од пожари на Макпетрол АД-Скопје РЕ Гостивар.
Основните цели на обуката  за заштита и спасување  беа:

-запознавање со системот за заштита и спасување и местото и улогата на  единицата за заштита и спасување од пожари;
-спроведување на мерките за заштита и спасување;
-обука  на припадниците на единицата и вработените во својот делокруг на активност;
-проверка на можностите и постапките при употребата на  единицата и расположливата опрема и МТС .

     Оваа специјализирана обука и вежби на просторните специјализирани единици за противпожарна заштита на Макпетрол АД Скопје е предвидено да трае заклучно до 25 октомври до кога треба да се обучат уште 11 организирани единици (РЕ Охрид-Охрид, Ре Прилеп-Прилеп, РЕ Битола-Битола, РЕ Велес-Велес, РЕ Кавадарци-Кавадарци, РЕ Кочани-Кочани, РЕ Струмица-Струмица, РЕ Куманово-Куманово, РЕ Скопје-Скопје, Полнилница за течен нафтен гас Миладиновци-Скопје и Дирекцијата за одржување -Скопје).

     ДЗС и во наредниот период ќе продолжи со реализирање на тактичко-показни и симулациски вежби со цел да ги запознае вработените со основните знаења од областа на опасните материи, заштитата и спасувањето, како и оспособување на вработените за специфичните околности што може да настанат под дејство на вонредни настани и да го загрозат животот или здравјето на вработените во текот на работењето.