08/12/2022

Продолжува поддршката на САД во градење на капацитетите на Дирекцијата за заштита и спасување

Претставниците од Канцеларијата за одбранбена соработка на САД во Македонија, Patrik Enriquez, Ана Лазаревска и Игор Кралев, ја посетија Дирекцијата за заштита и спасување. Разговаравме за реализација на тековните и планираните актувности, во рамките на програмата на CMEP - (цивилно-воено планирање на вонредни ситуации), каде во тек се подготовки за симулациската вежба "Водно 2018", и програмата 333, која се однесува на ХБРН заштита. Во овие активности, ДЗС е еден од клучните актери, а учествуваат и претставници од МО, АРМ, МВР, ТППЕ, и др. Во рамките на соработката со САД, планиран е и циклус обуки за пиротехничари, кој треба да започне во 2019 година. САД остануваат еден од најзначајните партнери и поддржувачи на Дирекцијата за заштита и спасување и на цивилната заштита во целина.