29/03/2024

Пожарот во Беровско е локализиран

Пожарот во Беровско е локализиран во 17 часот, тимовите и сите други учесници се вратени во базите, а остануваат дежурни екипи од Малешево Шумско Берово. Во текот на утрешниот ден ќе се направи контрола на теренот.

Вонтекот на денешниот ден пожарите ги гасеа тимови од ПОЗС Берово, Валандово и Куманово. Тимот од Свети Николе со пумпи беа ангажирани за полнење со вода базенот за полицискиот хеликоптер. Ер Тракторот денеска дејствуваше на неколку наврати до целосно локализирање на пожарот.