14/10/2024

Втора седница на Главниот штаб за заштита и спасување

Денес, во Амфитеатарот на воената академија-Михаило Апостолски, директорот Аднан Џафероски ја одржа Втората седница на Главниот штаб за заштита и спасување.

Директорот, ги запозна членовите на Главниот штаб со досегашните активности на Дирекцијата за заштита и спасување и со основните задачи во остварување на нејзината функција,сите организирани обуки, локални и регионални вежби, за досегашните акции на силите за заштита и спасување и ја потенцираше потребата од обединување на институциите.

Се разговараше за итните програмски задачи и активности на Главниот штаб во летниот период, а беше заклучено дека подготовките за оваа сезона се завршени.

Се дебатираше за тековни прашања и се дадоа повеќе предлози кои во иднина треба да бидат разгледани и реализирани.

Се констатираше дека Дирекцијата за заштита и спасување интензивно работи на унапредување и зајакнување на своите капацитети во рамките на безбедносниот систем на државата.