29/03/2024

Основна обука за заштита и спасување од пожари на отворен простор


На ден 31.05 2022 година, Дирекција за заштита и спасување реализираше Основна обука за заштита и спасување од пожари на отворен простор со постоечките тимови за брз одговор за гаснење на пожари (ТБО). 
Како и според планот обуката опфати постапки и мерки со кои беше организирана севкупната работа на организаторите и учесниците на истата.
Во рамките на изведената обука освен вработените во ДЗС беа ангажирани и Тимовите за брз одговор, учесници од Црвениот Крст на РСМ, доброволни противпожарни друштва, претставници од ЈП Национални Шуми, ТППЕ  на општините (Валандово, Струмица и Гевгелија) .
На тридневната обука се изреализира теоретски и практичен дел, со гореспоменатите учесници. На самата обука се приклучи и директорот на ДЗС г-дин Беким Максути кој ги следеше активностите и сите предвидени задачи. Обуката успешно заврши на 02.06 2022 година.