02/10/2022

Пронајдени артилерсики гранати


Во изминатиот период пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување имаа повеќе интервенции на целата територија на Република Северна Македонија, и тоа: во с. Чаниште – Мариово каде се пронајдени една артилериска граната калибар 122 мм и една од 155мм и с.Моин Гевгелија е пронајдена една артилериска граната калибар 75мм. Во с.Долно Чарлија Новаци е пронајдена рачна бомба, а  во с. Бучин Крушево, с. Шум Струга и во близина на Хотел Капри Битола се пронајдени артилериски зрна од разни калибри. 
Истите се подигнати од лице место и ќе бидат уништени.