29/03/2024

Ј А В Е Н О Г Л А С за вработување на 1 (едно) лице во Дирекција за заштита и спасување на определено време

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија, врз основа на членовите 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од  Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст, 27/16, 120/18), а во врска со член 22 ст. 1  од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/2016, 35/18 и 198/18), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр. 01-1902/5 од 14.10.2016 година,  бр. 01-625/1 од 20.02.2018 година, бр. 01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, 01-625/14 од 03.09.2018 година, бр. 01-625/18 од 04.10.2018 година, бр. 01-277/2 од 22.01.2019, бр.01-277/4 од 28.05.2019 година и бр.01-277/6 од 03.09.2019 година, бр.01-277/9 од 09.10.2019 година, бр.01-277/12 од 01.11.2019 година, бр.01-277/14 од 08.11.2019 година, бр.01-277/17 од 20.11.2019 година и бр.01-277/20 од 16.12.2019 година, бр. 01-359/1 од 29.01.2020 година, бр. 01-359/5 од 17.09.2020 година, бр. 01-359/8 од 26.10.2020 година, бр. 01-359/11 од 07.12.2020 година,  бр. 01-444/1 од 19.02.2021 година, бр. 01-444/4 од 13.04.2021 година, бр. 01-444/7 од 23.06.2021 година, бр. 01-444/10 од 08.07.2021  година, бр. 01-444/13 од 13.12.2021 година, бр. 01-61/1 од 05.01.2022 година, 01-61/1 од 05.01.2022 година, 01-61/4 од 12.01.2022 година, 01-61/6 од 14.01.2022 година, 01-61/10 од 14.02.2022 година, 01-61/12 од 24.02.2022 година  објавува:

Ј А В Е Н    О Г Л А С

за вработување на 1 (едно) лице во Дирекција за заштита и спасување на определено време до крајот на тековната фискална 2022 година

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 1 (едно) лице преку засновање на работен однос на определено време за работните места:

I     Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  1. Помлад соработник за развој на човечки ресурси, Одделение за управување со човечки ресурси  - 1 извршител,

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: Правни  науки, социјална работа и социјална политика,  организациони науки и управување(менаџмент), политички науки
  • Стручни квалификации (VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според  ЕКТС или завршен VII/1 степен)
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

 

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

      Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари  за работното место под реден број 1

II. Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена на нотар:

1.Доказ за државјанство на Република Македонија/оригинал

2.Доказ за општа здравствена способност/лекарско уверение оригинал

3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/потврда/оригинал

4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/оригинал или копија со нотарска заверка верно на оригинал

5.Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)/оригинал

6.Доказ за работно искуство (потврда од АВРМ и од ПИОМ)/оригинал

7.Доказ за познавање на компјутерски програми/потврда-сертификат/оригинал

8.Биографија

III. Распоред на работно време: Работни часови во неделата - максимум 40 работни часови, работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот.

       Работни денови: од понеделник до петок

Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелески,, бр. 10 – Скопје, Касарна Гоце Делчев – Аеродром – Скопје(со назнака ,,За оглас за вработување за работна позиција бр...,,)

Пријавите со потребната документација се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување).

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2022 година.                                                                   

       ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

                                                                                           Д И Р Е К Т О Р

                                                                                         BEKIM MAKSUTI