Weekly News

Logo

24/07/2018

Владата на Република Македонија преку Дирекцијата за заштита и спасување понуди помош на Република Грција за справување со пожарите


Владата на Република Македонија е во постојан контакт со Владата на Република Грција поради пожарите кои се регистрирани во тој регион,посебно во областа на Атика, Атина. Според информациите од таму, во последното деноноќие беа регистрирани над 50 пожари.Во нив досега се повредени над 150 лица, а има и околу 50 жртви.

Дирекцијата за заштита и спасување како Владина институција задолжена со природни непогоди и други несреќи, постојано ја следи ситуацијата и со ресурсите со кои располага уште од вчера е ставена во функција на помош. Доколку се побара помош ќе започне и со процедура за испраќање на истата.

Во комуникација сме и со Директорот на Генералниот Секретаријат за Цивилна заштита на Република Грција, Јанис Капакис.

Досега нема информација за побарана помош на наши државјани за пожарите во Грција, но МНР и ДЗС препорачуваат периодов да се воздржат од патување во овие критични региони.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации