Weekly News

Logo

16/07/2018

Пријава за загубено лице на Баба планина


На ден 15.07.2018 година од дежурниот офицер во СВР Битола во околу 19.30 часот во Подрачното одделение за заштита и спасување Битола  добиена е пријава за загубено лице на Пелистер на Баба планина кое се движело самостојно и без водич во планина.

Оваа информација е добиена од страна на СВР Битола каде според подеталните информации се работи за,државјанин на Република Франција на возраст од 23 години.Планинарот се движел од место викано Антена до планинарскиот дом на Големо езеро.Во контакт со планинарската група предводена од водичот Елена Теодосиевска францускиот државјанин  претходно бил заедно со планинарската група на М.В Антена,  каде и размениле телефонски броеви, но францускиот државјанин самостојно се упатил према домот на Големо езеро.

По добиената пријава од дежурниот офицер во СВР Битола превземени се подготовки од страна на Дирекцијата за заштита и спасување ПОЗС Битола за ангажирање на републичката единица за брз одговор за спасување на планина.

Имено,навремено е информирана ДЗС Скопје,а по претходна анализа на настанот  извршена е проценка од ПО Битола  преку редовна комуникација со планинарскиот водич Елена Теодосиовска како и со редовна коминикација со францускиот државјанин кој поседувал македонски телефонски број.
По  извршената проценка ангажирани  се 4 лица од ТБО за спасување на планина и 2 лица од ПОЗС  Битола заради правилно и навремено координирање на акцијата.

Истотака навремено е известена ДЗС, како и Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и со негово одобрение мобилизирани  се во 20.15 часот 4 лица од ТБО за спасување на планина и 2 лица од ПОЗС со ангажирање на возило Лада нива на ПО Битола.

Воедно, веднаш упатена е единицата на терен која изврши претрага на мастото  викано Антена до планинарскиот дом на Големо езеро како и према патеката од Големо езеро до Мало езеро.

Во непосредна близина на потегот од Големо према Мало езеро лицето е прнајдено во стабилна состојба, контактибилно и без знаци на повреда, но во вознемирена состојба.
Веднаш пренесен е во домот на големо Езеро и дадени му се топли напитоци како и топла облека.

Лицето  од страна на припадниците на ТБО за спасување на планина со возило на ДЗС беше безбедно вратено во Битола  и превземено е во инфо центарот во Битола.

Целосно акцијата е завршена во 03.00 часот на ден 16.07.2018 година успешно и без никакви последици..

За сите превземени активности навремено е доставуван  телефонски извештај до претпоставените лица на ДЗС како и до Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации