08/12/2022

Подготовка за сезоната на пожари

Во организација на Генералштабот на Армијата на РМ а во пресрет на периодот на зголемена опсаност од пожари, Дирекцијата за заштита и спасување на 11.07.2018 година учествуваше во извидување од воздух ( со Хеликоптер MI 17 ) на потенцијални реони со висок ризик за шумски пожари и објекти од посебно значење за одбраната. На ова извидување покрај Дирекцијата учествуваа, претставници на ЈПУЗПП „ Јасен”, ЈП Македонски Шуми и ЦУК. Целта беше да се подобри координација помеѓу спомнатите субјекти и ресурсите на истите да се употребуваат рационално. Од страна на АРМ на ова извидување беа претставени можностите за справување со пожарите и беа подетално објаснети карактеристиките на Хеликоптерот MI 17. Дирекцијата од стечените искуствата од минатогодишните пожари ги информираше дека активно се подготвува за сезоната на пожари со подготовка на своите сили, МТС и други ресурси.