28/03/2024

Кампања за зголемување на свеста за НУС

На ден 09.03.2021 година во Струмица, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување и зам. Директорот Зулфикар Зејнулаи во соработка со Факултетот за безбедност при – Скопје при универзитетот „Сб.Климент Охридски“, СВР-Струмица и Црвениот крст спроведоа кампања за зголемување на свеста кај граѓаните за опасноста на  Неексплодираните убојни средства (НУС), во склоп на двегодишен проект ВЕКТОР финансиран од страна на НАТО Програмата Наука за мир и безбедност, имплементиран од CENTRIC, во соработка со Факултетот за безбедност – Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Школата за наука и технологија при Универзитетот во Сараево (SSST), Босна и Херцеговина и CERTH – Центарот за истражувања и технологија Хелас од Грција.

 

Проф. Марина Малиш-Саздова од Факултетот за безбедност изјави дека: „Со ова кампања ја подигаме свеста кај граѓаните за НУС и заедно со студентите од Факултетот за безбедност, Црвениот Крст и ДЗС ќе се делат флаери како да се заштитиме од неексплодираните средства“. Исто така пред медиумите и Ефтим Митров од Дирекцијата за заштита и спасување, изјави дека „Најмногу страдаат оние кои што не се информирани и дека ова кампања понатаму ќе се продолжи и во Гевгелија, Валандово и Дојран, бидејќи и тие региони се најопфатни од Солунскиот Фронт“

По кампањата за делење на флаери зам Директорот на ДЗС г-дин Зулфикар Зејнулаи додели благодарници на проф. Марина Малиш-Саздова од Факултетот за безбедност – Скопје и на г-дин Кире Бобановски за соработката за овој проект.

Да напоменеме дека:

НУС се бомби и муниција која не експлодирала поради технички проблем. Како и да е, тие се екстремно опасни и дури и по подолг период може да согорат или да експлодираат.

 

Екелтронски флаерот можете да го преземете со кликање на НУС