Weekly News

Logo

10/06/2018

Учество на Меѓународна Вежба -NEIFLEX 2018 преку Механизам за цивилна заштита на Европска Унија, во Портогруаро, Регион Фриули-Италија


Меѓународната Вежба (NEIFLEX) се одвиваше во  периодот од 06 до 10 Јуни 2018 година во североисточна Италија – „Венето и Фриули Џулија’’ региони - сместени во Портогруаро.
Меѓународната Вежба NEIFLEX за управување со ризикот од поплави, се базира на сценарио кое предвидува поплави предизвикани од два големи речни системи во регионите Венето и Фриули: реките Ливенца и Тагламенти. Во ова сценарио беше предвидено дека италијанскиот систем за цивилна заштита нема да може да се справи и ќе има потреба од барање меѓународна помош.
Основа цел на Меѓународната вежба е да се подобри одговорот на поплавите, на меѓународно, национално и локално ниво, спроведување на користење на Модули-тимови базирани на спасувања на вода, да се консолидира и подобри методологијата на активности за подигнување на јавната свест, во земјите учеснички (каде главна референца беше кампањата за подигнување на јавната свест за "IO NON RISCHIO", развиена од страна на Одделот за цивилна заштита на Италија - КПР).
Во рамките на вежбата во согласност со критериумите на Европската Комисија за креирање на политиката преку програмата за обука на Унијата на Механизмот за цивилна заштита се достави конкурс до сите земјите членки на Европската унија и земјите членки на унијата на механизам за цивилна заштита, да конкурираат согласно определени критериуми за евалуатори на меѓународната вежба.
На Меѓународната вежба NEIFLEX, Брисел изврши селекција на тимот Евалуатори-оценувачи, на огромна чест и задоволство  Маја Тимовска од Република Македонија беше избрана меѓу останатите европски држави со евалуатори од Холандија, Малта и Шпанија. Во овој контекст, тимот изработи Програма на Европската унија за Евалуација  се со цел обезбедување пристап базиран на резултати. 
Кампот за сместување на сите учесници на Меѓународната Вежба  беше Касарната во Портогруаро - Reggimento Artiglieria «Superga» . 

Ни претстои напорна и суштинска разработка следејќи ги критериумите за компатибилност и компетентност на европската цивилна заштита
Нашата држава преку ДЗС веќе припаѓа во рамноправното членство на земјите членки на механизмот за цивилна заштита и во нашата работа тоа  сега е императив.

The following four experts have been selected to be members of the Evaluation team for NEIFLEX 2018 exercise, that will be held in North Eastern Italy (Veneto and Friuli Venezia Giulia regions) 

Ms. Maja Timovska (Macedonia)
Mr. Michel Galea (Malta)
Mr. Meindert Louwsma (the Netherlands) 
Mr. Fernando Prieto (Spain)

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации