29/03/2024

Mеѓународната научна конференција „Реформите на безбедносниот систем како предуслов во евроатланските интеграции“

Факултетот за безбедност-Скопје  ја организираше 9-тата по ред  Меѓународната научна конференција „Реформите на безбедносниот систем  како предуслов во евроатланските интеграции„ која е една од најголемите од ваков тип во регионот, со поддршка на Фондацијата „Ханс Зајдел„ од СР Германија и Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, а под покровителство на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Конференцијата свечено ја отворија Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потпретседателот на Собранието на Република Македонија д-р Фросина Ташевска Ременски, Директорот на Фондацијата „Ханс Зајдел„ за Југоисточна Европа д-р Клаус Физингер, претседалот на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување м-р Верица Милевска Стефановска и Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски.
Конференцијата содејствуваше со потребата од суштински реформи во безбедносниот систем на Република Македонија. Покрај другото се оствари мисијата на конференцијата и се поттикна академската заедница и практичарите од областа на безбедноста да разменуваат сознанија базирани на  користење на научни методи за истражувања од областа, но и да се исползуваат искуства од практиката за да може на истите да им се даде научно-истражувачка димензија. 
Главни говорници на конференцијата беа: 
д-р Рајнхард Прибе од СР Германија поранешен шеф на експертскиот тим на ЕУ кој се осврна на тема „БЕЗБЕДНОСТ - ЗГОЛЕМЕНО ВАЖНА ТЕМА ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА ЕУ”, 
д-р Ингрид Шикова од Софискиот Универзитет и Раководител на Жан Моне Центарот во Софија со излагањето на тема „ КАКО ИДНИОТ БУЏЕТ НА ЕЅ ЌЕ НАПРАВИ РАЗЛИКА ВО ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТА”, 
д-р Филип Ејдус од Белградскиот Универзитет  со излагање на тема „ ДЕМОКРАТСКО УПРАВУВАЊЕ И БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР”, 
д-р Самуел Года од Словачкиот Државен Универзитет со излагање на тема „ ХУМАНАТА ДИМЕНЗИЈА НА РЕФОРМАТА НА БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР ВО СЛОВАЧКА”, 
д-р Мидраг Лабовиќ од Факултетот за безбедност-Скопје говореше за “НОВИ КОНЦЕПТУАЛЕН ПРЕГЛЕД НА ОДНОСОТ НА РЕФОРМИТЕ НА КРИВИЧНО-ПРАВОСУДНОТО И ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ”, 
д-р Сунчица Вујиќ од Универзитетот Антверпен, Белгија „ЕКОНОМЕТРИЈА ЗА КРИМИНАЛ: СОВРЕМЕНИ ИСТРАЖУВАЊА И МЕТОДИ ВО КВАЛИТАТИВНА КРИМИНОЛОГИЈА”, 
д-р Итамара Лохард, Соединетите Американски Држави говореше за “САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА”.

Во рамки на ФОРУМОТ на тема "Местото и улогата на приватното обезбедување во системот за безбедност " кој го модерираше д-р Саше Герасимоски говореа:
1. Верица Милеска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување „УЛОГАТА НА ПРИВАТНАТА БЕЗБЕДНОСТ ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ”, 
2. Орландо Марднер, Академија за професионална безбедност, Велика Британија кој говореше за „ОДНОСОТ МЕЃУ НАДВОРЕШНИ ПРИЧИНИ И ВНАТРЕШНО СЛАБОСТИ - ОСНОВА ЗА РЕФОРМИ НА БЕЗБЕДНОСТ”,
3. д-р Ѓорѓи Алчески, директор на "ТАВ Македонија аеродром „Св. Павле апостол" – Охрид  „УЛОГАТА НА КОРПОРАТИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ ВО НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ ИСТАНУВАНА ПРЕКУ БЕЗБЕДНОСТА НА КРИТИЧКИТЕ ИНФРАСТРУКТУРИ”,
4. д-р Стефко Стефковски од Центар за управување со кризи на Република Македонија и 
5. д-р  Маја Тимовска од Дирекција за заштита и спасување којА говореше за „УЛОГАТА НА ЗАШТИТАТА И СПАСУВАЊЕТО ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ И ПОТРЕБИТЕ ОД РЕФОРМИ”.

Научниот собир во Охрид понуди решенија за идната поставеност на безбедносните систем  со цел ефикасен одговор на современите ризиците и заканите по безбедноста, односно дестабилизирачките фактори кои создаваат состојби на конфликти. 
Конференцијата ги поттикна научните, истражувачките работници во размена на нивните сознанија за науката која треба да ги разоткрие потребните по безбедноста, воедно утврдување на безбедносните реформи и избор на соодветен безбедносен концепт на функционирање, како еден од предусловите за евроатлански интеграции на земјата.