08/12/2022

Обука и тренинг-вежба за справување со пожари на отворен простор и спречување на поплави

      Дирекцијата за заштита и спасување организира Обука и тренинг вежба на просторните сили од општините на Гевгелиско - Валандовскиот регион за справување со пожари на отворен простор со учество на дел од постојаниот состав и тренинг вежба за тимот за спречување на поплави и испумпување на вода на Дирекцијата за заштита и спасување.

      Времето за организирање и спроведување на обуката е на 27,28 и 29.06.2018 година со почеток во 09:00 часот во Општина Дојран. На обуката и тренинг вежбата во Дојран се планира да учествуваат околу 45 учесници по следната структура:

  1. ДЗС - ПО Гевгелија
  2. ДЗС - ПО Валандово
  3. ДЗС - ПО Струмица
  4. Тимот за спречување на поплави и испумпување на вода
  5. Тимот за брз одговор за пожари Валандово
  6. Доброволно противпожарно друштво Дојран
  7. Тим за Прва помош при ЕЛС Валандово
  8. ТППЕ од Гевгелија
  9. ТППЕ од Валандово
  10. ЈП Македонски шуми Саланџак мобилна екипа
  11. ЈП Македонски шуми Кожув Гевгелија

Основни цели на тренинг вежбата ќе бидат:

  • Запознавање со основите на методите,техниката и тактиката при справување со пожарите на отворен простор
  • Проверка на тактиката и постапките при употребата на тимовите за ПП-заштита
  • Укажување на прва медицинска помош на настрадани при справувањето со пожарите на отворен простор
  • Проверка на обученоста и увежбаноста
  • Проверка на реалноста на организациско-формациската структура и мобилизациската спремност
  • Проверка на ефикасноста за употреба на опремата и расположливите материјални средства во овие услови
  • Координација и оперативно содејство во Дирекцијата за заштита и спасување и други структури како Црвениот крст на Македонија,здруженија на граѓани, население, резервен состав
  • Меѓусебно запознавање,извежбување и уигрување на членовите на формираните тимови во рамките на активноста на Дирекцијата за заштита и спасување
  • Реализирање на активности предвидени со тактичка задача (вежба)

Во организирање и спроведување на обуката и тренинг вежбата, учесниците ќе ги применуваат следните принципи, начела и задачи:

  • Тимска работа,соработка и содејство помеѓу учесниците
  • Примена на постоечките стандардно оперативни процедури
  • Одговорно управување со техниката,МТС и опрема
  • Следење на временскиот тек и метеоролошките услови за време на вежбата
  • Дефинирање на просторот за изведување на вежбата, извидување на подрачјето, утврдување на критичните точки, лоцирање и сигурен пристап на учесниците и гостите
  • Дефинирање на просторот на набљудувачите на вежбата