28/03/2024

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 3 (три) лица на определено време

Дирекција за заштита и спасуваење на Република Македонија,врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од  Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст, 27/16, 120/18), а во врска со член 22 став 8  од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/2016, 35/18 и 198/18), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр. 01-1902/5 од 14.10.2016 година,  бр. 01-625/1 од 20.02.2018 година, бр. 01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, 01-625/14 од 03.09.2018 година, бр. 01-625/18 од 04.10.2018 година, бр. 01-277/2 од 22.01.2019, бр. 01-277/5 од 06.06.2019 година, бр. 01-277/6 од 03.09.2019 година, бр. 01-277/9 од 09.10.2019 година, бр. 01-277/12 од 01.11.2019 година, бр. 01-277/17 од 20.11.2019 година, бр. 01-277/20 од 16.12.2019 година, објавува:

Ј А В Е Н    О Г Л А С

за вработување на 3 (три) лица во Дирекција за заштита и спасување на определено време до крајот на тековната фискална 2020 година

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 3 (три) лица преку засновање на работен однос на определено време за работните места:

I     Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  1. Помлад соработник за превенција и планирање за епидемии, епифитотии, епизоотии/асанација, Одделение за превенција и планирање при природни непогоди, Сектор за превенција, планирање и развој – 1 Извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: Наука за земјиштето и хидрологија, биологија, јавно здравство и здравствена заштита
  • Стручни квалификации (VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според  ЕКТС или завршен VII 1 степен)
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката
  •  

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00   денари за работното место под реден број 1

  1. Помлад соработник за превенција и планирање на евакуација/згрижување/засолнување, Одделение за превенција и планирање при технолошки и комплексни несреќи, Сектор за превенција, планирање и развој – 1 Извршител

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: безбедност, политички науки, одбрана
  • Стручни квалификации (VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според  ЕКТС или завршен VII 1 степен)
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

 

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00   денари за работното место под реден број 2

  1. Советник за правни работи, Одделение за правни работи, Сектор за заеднички работи – 1 Извршител

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: правни науки
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI А според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката
  • Положен правосуден испит

 

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 26.253,00 денари за работното место под реден број 3

 

II. Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здраствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оргинална форма или копија заверена на нотар:

1.Доказ за државјанство на Република Македонија/ оргинал или копија уверение за државјанство заверена на нотар

2.Доказ за општа здраствена способност/лекарско уверение оргинал

3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/потврда

4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/копија со нотарска заверка верно на оргинал

5.Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) во оргинална форма или копија заверена на нотар

6.Доказ за работно искуство (потврда од АВРМ и од ПИОМ)

7.Доказ за познавање на комјутерски програми/потврда-сертификат-оргинал или копија заверена на нотар

8.Биографија

III. Распоред на работно време: Работни часови во неделата - максимум 40 работни часови, работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот.

       Работни денови: од понеделник до петок– оддление за специјализирани услуги со воздухоплови  во Меѓународен Аеродром Скопје - Скопје.

Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелески,, бр. 8 - Скопје касарна Гоце Делчев – Аеродром – Скопје(со назнака ,,За оглас за вработување за работна позиција бр...,,)

Пријавите со потребната документација се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) работни дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајки го денот на самото објавување).

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2020 година.                       

       ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

                                                                                           Д И Р Е К Т О Р

                                                                                     АДНАН ЏАФЕРОСКИ