Weekly News

17/01/2020

ОДЛУКА за избор на кандидати по основ на вработување на определено време


Врз основа на член 49 став 2 и 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа ( „Сл.весник на РМ„ бр.58/00,44/2002,82/08,167/10, и 51/11) ) и член 21 од Законот за работни односи (" Сл.весник на Р.М " бр.167/15 – Пречистен текст, 27/16, 120/18),  а во врска со објавениот Јавен оглас во дневните огласи ,,Слободен печат,, и ,,Коха,, Директорот на Дирекција за заштита и спасување, ја донесе следната

О Д Л У К А

за избор на кандидат  по основ на вработување на определено време

Лидија Насеска -Боцеска, врз основа на огласот објавен на ден 28.12.2019 година во дневните весници ,,Слободен  печат,, и ,, Коха,  се вработува во Дирекција за заштита и спасување на работно место Советник за превенција и планирање за прва медицинска помош/прва психолошка помош, Одделение за превенција и планирање при природни непогоди, Сектор за превенција, планирање и развој.

По конечноста на Одлуката за извршен избор Директорот на Дирекција за заштита и спасување ќе потпише Договор  за вработување на определено време на именуваното лице во Дирекција за заштита и спасување.

Образложение

По добивањето на согласноста од Министерството за финансии за вработување на 2 извршители на определено време Дирекција за заштита и спасување  на ден 28.12.2019 година објави оглас за вработување на 2 извршители на определено време (31.12.2020 година). По разгледување на апликациите  на пријавените кандидати за објавените работни места по огласот за спроведување постапка за засновање на работен однос на определено време, Комисијата за селекција направи увид и проверка на документацијата на кандитатите согласно општите услови предвидени во Законот за работни односи и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работни места на Дирекција за заштита и спасување и констатира Записник бр. 04-29/4 од 13.01.2020 година. Комисијата за спроведување на постапката за вработување на определено време и селекција направи интервју на ден 14.01.2020 година со кандидатите кои ги исполнуваат предвидените услови.

Врз основа на доставениот Записник и направеното интервју од страна на Комисијата за спроведување на постапката и селекција на кандидати, Директорот на Дирекција за заштита и спасување го избра кандидатот Лидија Насеска -Боцеска на работно место Советник за превенција и планирање за прва медицинска помош/прва психолошка помош, Одделение за превенција и планирање при природни непогоди, Сектор за превенција, планирање и развој.

Правна поука: Против ова Решение може да се поднесе жалба преку Дирекцијата за заштита и спасување до Комисијата на Агенцијата за администрација за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен, во рок од 8 дена од денот на приемот на ова Решение.

 

                                                                                                                                                           Д И Р Е К Т О Р

                                                                                                                                                        Аднан Џафероски

 

 

 

 

Врз основа на член 49 став 2 и 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа ( „Сл.весник на РМ„ бр.58/00,44/2002,82/08,167/10, и 51/11) ) и член 21 од Законот за работни односи (" Сл.весник на Р.М " бр.167/15 – Пречистен текст, 27/16, 120/18),  а во врска со објавениот Јавен оглас во дневните огласи ,,Слободен печат,, и ,,Коха,, Директорот на Дирекција за заштита и спасување, ја донесе следната

О Д Л У К А

за избор на кандидат  по основ на вработување на определено време

Ѓоко Блажевски, врз основа на огласот објавен на ден 28.12.2019 година во дневните весници ,,Слободен  печат,, и ,, Коха,  се вработува во Дирекција за заштита и спасување на работно место Помлад соработник за логистичка поддршка при спроведување на теоретска настава, Одделение за обука, Сектор за превенција, планирање и развој.

По конечноста на Одлуката за извршен избор Директорот на Дирекција за заштита и спасување ќе потпише Договор  за вработување на определено време на именуваното лице во Дирекција за заштита и спасување.

Образложение

По добивањето на согласноста од Министерството за финансии за вработување на 2 извршители на определено време Дирекција за заштита и спасување  на ден 28.12.2019 година објави оглас за вработување на 2 извршители на определено време (31.12.2020 година). По разгледување на апликациите  на пријавените кандидати за објавените работни места по огласот за спроведување постапка за засновање на работен однос на определено време, Комисијата за селекција направи увид и проверка на документацијата на кандитатите согласно општите услови предвидени во Законот за работни односи и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работни места на Дирекција за заштита и спасување и констатира Записник бр. 04-29/4 од 13.01.2020 година. Комисијата за спроведување на постапката за вработување на определено време и селекција направи интервју на ден 14.01.2020 година со кандидатите кои ги исполнуваат предвидените услови.

Врз основа на доставениот Записник и направеното интервју од страна на Комисијата за спроведување на постапката и селекција на кандидати, Директорот на Дирекција за заштита и спасување го избра кандидатот Ѓоко Блажевски на работно место Помлад соработник за логистичка поддршка при спроведување на теоретска настава, Одделение за обука, Сектор за превенција, планирање и развој.

Правна поука: Против ова Решение може да се поднесе жалба преку Дирекцијата за заштита и спасување до Комисијата на Агенцијата за администрација за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен, во рок од 8 дена од денот на приемот на ова Решение.

 

                                                                                                                                                           Д И Р Е К Т О Р

                                                                                                                                                        Аднан Џафероски

 

 

 

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации