29/03/2024

Вежба “Национален Одговор 2019

Од 16-19.9.2019 во просториите на касарната Јане Сандански во Штип се реализира вежбата “Национален Одговор 2019”, во организација на Здружената Oперативна Команда (ЗОК).

Во вежбата покрај преставници на Армијата на РСМ, учество земаа и Дирекцијата за заштита и спасување (со 35 претставници), МВР,  МЗШВ, Министерството за одбрана, ЦУК, ЦКРСМ, ЕВН, локалната самоуправа на општините Штип, Кочани, Зрновци, Чешино-Облешево, Карбинци,ТППЕ на град Штип, ЈП Исар, водостопанство Брегалница,

Сценариото на вежбата опфаќа справување на силите со природна непогода – поплава во регионот на градот Штип.
Вежбата е со мисија за планско и организирано спроведување на интегриран систем за справување со кризи со рано предупредување и преземање на мерки за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи.

Основната цел на вежбата е ефикасно и ефективно спроведување на мерките за заштита и спасување при справување со поплави со заемна координација со надлежните институции во системот за заштита и спасување.

На вежбата се употреби и новиот систем за командување со инциденти во кризни ситуации НИКС (Next Generation Incident Command System).