28/03/2024

Известување за активни пожари до 14:00 часот

Дирекцијата за заштита и спасување континуирано ја следи состојбата на сите опожарени места на целата територија на Република Северна Македонија. Од добиените информации до 14:00 часот на ден 03.09.2019 година ситуацијата е следна:

*Во подрачјето на Велес имаме нов пожар во потегот на селото Црквино.

* Имаме повторно активирање на пожарот во близина на селото Маково, место викано Преслап во општина Новаци.

* Во кумановско под репетиторот во близина на селата Градиште и Габреш пожарот е под контрола но сеуште има мали жаришта.

* Во Свети Николе на потегот на селата Павлешинци и Станевци пожарот е ставен под контрола но има мали жаришта.

* Во општина Радовиш на потегот на планината Готен, во близина на селата Јаргулица и Покрајчево пожарот е ставен под контрола додека во пределот на селото Кушкулија пожарот е сеуште активен и гравитира према општината Василево.

Во моментот на пожарите активно делуваат сите субјекти кои се надлежни за справувањето со пожари. Дирекцијата за заштита и спасување и понатаму ја следи состојбата на сите опожарени места на територијата на Република Северна Македонија и е подготвена да дејствува доколку има потреба.

Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел до сите граѓани на РСМ, да се воздржат од било какво палење на стрништа и ниви за да се избегнат понатамошни катастрофи од ваков тип.