Weekly News

08/08/2019

Изгубено лице на Пелистер


На 8.8.2019г. (четврток), во 13:35 ч. до Подрачното одделение-Битола при Дирекцијата за заштита и спасување, пристигна дојава за изгубено лице. Станува збор за странски државјанин, А.А.(25) од Холандија. Лицето се упатило од с. Нижополе кон Големо Езеро на Пелистер. По лоцирањето на изгубеното лице, тимот за брз одговор за спасување на планини, при Дирекцијата за заштита и спасување, излезе на терен, и во 15:10ч. го пронајде лицето над с. Нижополе, со лесна повреда на коленото. По санирањето на повредата, тимот за брз одговор за спасување на планини при ДЗС, безбедно го пренесе лицето до Битола, каде што е и сместено.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации