Weekly News

05/08/2019

Најава за топлотен бран и препораки


Дирекцијата за заштита и спасување, согласно најавите на УХМР ги информира граѓаните, дека под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурите на воздухот. Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога ќе биде активирана жолта фаза за високи температури, а во некои региони и портокалова фаза.
Дирекцијата за заштита и спасување покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување, презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.
Воедно, ДЗС апелира до Локалната самоуправа, граѓаните и посетителите на Република Северна Македонија, да внимаваат кога се на отворено и:

- да не се фрлаат цигари и догорчиња;
- да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња;
- да не се пали оган и скара на отворен простор и шума;
- да не се дозволува на децата да си играат со запалки, пламен и жар:
- да не се пали отпад и друг горлив материјал;
- да не се палат стрништа и меѓи
- имајте на ум дека почетниот пожар може да се изгасне со една чаша вода;
- ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, веќе се преземени превентивни мерки, од март донесена е забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми. Забраната ќе трае се до нејзиното отповикување.
ДЗС, со цел зачувување на шумите, од 15 јули до 15 август, на територијата на целата земја, ја спроведува Кампањата за заштита од пожари под мотото Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени-Природата е наша одговорност.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации