28/03/2024

Тридневна работна посета на експерти пиротехнолози од Федералнaта управа за цивилна заштита на Б и Х во Дирекцијата за заштита и спасување

Во рамките на билатералната соработка со Република Босна и Херцеговина, беше остварена тридневна работна посета на експерти пиротехнолози од Федеалнaта управа за цивилна заштита на Б и Х во Дирекцијата за заштита и спасување, заради унапредувње на сорбаотката, особено во делот на обуката, за што беше приложена и предлог програма од наша страна.

Од приложените презентации за легислативата, стандардните оперативни процедури, регионите контаминирани со НУС (не експлодирани убојни средства) од Првата и Втората Светска Војна, како и видот и количините кои се пронаоѓаат и уништуваат на годишно ниво во Р.Македонија, експертите имаа можност, да ја утврдат моменталната ситуација во однос на планирањето, организирањето и спроведувањето на мерките и активностите за заштита од пронајдени неексплодирани убојни средства и експлозивни материи.

Се оствари размена на искуства помеѓу експертите од Б и Х и пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување, како и можност да се запознаеме со нивните циклуси на обука, стандарди, опремата што ја користат при интервенции и во каков вид на интервенции учествувале. Пособено интерес кај нас, побудија новите техники и технологии кои се применуваат во Б и Х, а некои од нив беа прикажани низ видео запис.

Остварена беше и взаемна посета на локација со пронајдени НУС на наша територија, утврден начинот на транспорт и посета на привремено одложување на гранатите.

Очекуваме заеднички да настапиме со работен план кој би бил поткрепен со идни проекти решенија.