24/04/2024

ПРИРОДАТА Е НАША ОДГОВОРНОСТ!

Во склоп на кампањата за намалување на заканите од пожари, тим од Дирекцијата за заштита и спасување имаше штанд во ТЦ Сити Мол со цел запознавање на граѓаните со ризиците кои ги носат пожарите на отворен простор и како да се самозаштитат. Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени. ПРИРОДАТА Е НАША ОДГОВОРНОСТ !