Weekly News

17/07/2019

О Д Л У К А за избор на кандидат по основ на вработување на определено време


Врз основа на член 49 став 2 и 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Сл.весник на РМ„ бр.58/00,44/2002,82/08,167/10, и 51/11) и член 21 од Законот за работни односи ("Сл.весник на Р.М "бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09,130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12 , 13/13 и 25/13, Пречистен текст бр.167/15, 27/16, 120/18)  а во врска со објавениот Јавен оглас во дневните огласи „Слободен печат“ и „Лајм“ Директорот на Дирекција за заштита и спасување, ја донесе следната

О Д Л У К А

за избор на кандидат  по основ на вработување на определено време

Александар Павлоски, врз основа на огласот објавен на ден 09.07.2019 година во дневните весници ,,Слободен  печат,, и ,, Лајм,  се вработува во Дирекција за заштита и спасување на работно место Помлад соработник за планирање, организирање и спроведување на заштита и спасување од пожари, Одделение за планирање, организирање и спроведување на операции и логистичко обезбедување, Сектор за оператива и логистика.

По потпишување на Одлуката за извршен избор директорот на Дирекција за заштита и спасување ќе потпише Договор за вработување на определено време на именуваното лице во Дирекција за заштита и спасување.

Образложение

По добивањето на согласноста од Министерството за финансии за вработување на 2 извршители на определено време Дирекција за заштита и спасување  на ден 09.07.2019 година објави оглас за вработување на 2 извршители на определено време (31.12.2019 година). По разгледување на апликациите  на пријавените кандидати за објавените работни места по огласот за спроведување постапка за засновање на работен однос на определено време, Комисијата за селекција направи увид и проверка на документацијата на кандитатите согласно општите услови предвидени во Законот за работни односи и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работни места на Дирекција за заштита и спасување и констатира Записник бр. 04-2031/5 од 15.07.2019 година. Комисијата за спроведување на постапката за вработување на определено време и селекција направи интервју на ден 16.07.2019 година со кандидатите кои ги исполнуваа предвидените услови.

Врз основа на доставениот Записник и направеното интервју од страна на Комисијата за спроведување на постапката и селекција на кандидати, Директорот на Дирекција за заштита и спасување го избра кандидатот Александар Павлоски на работно место Помлад соработник за планирање, организирање и спроведување на заштита и спасување од пожари, Одделение за планирање, организирање и спроведување на операции и логистичко обезбедување, Сектор за оператива и логистика.

 

                                                                                                                                     Д И Р Е К Т О Р

                                                                                                                                  Аднан Џафероски

  •  

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации