Weekly News

10/07/2019

Се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд во целата земја


Дирекцијата за заштита и спасување според официјалното соопштение на УХМР, известува дека денес 10.7.2019 (среда) се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд во целата земја,освен во североисточните и источните предели.Во попладневните часови врнежите ќе бидат и поројни. Се очекуваат да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен. Не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град.
За таа цел, Дирекцијата за заштита и спасување ги известува сите подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање на мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности. ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации