25/04/2024

Зајакнување на капацитетите за одговор при катастрофи

Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија продолжува со активностите поврзани со зајакнување на капацитетите за одговор од катастрофи на Единиците на локалната самоуправа. Во таа насока, денес, на 12 јуни 2018 година, на општините Куманово, Гевгелија, Валандово, Битола и Кичево предадени се, на времено користење, 5 возила со вградени пумпи, наменети за гасење пожари. На истите општини, кои веќе имаат формирано медицински тимови, на времено користење дадени им се 5 санитетски возила, целосно опремени за пружање прва помош. Дирекцијата, во изминатиот период, возила за гасење пожари има предадено и во општините Велес, Тетово, Штип, Крива Паланка и Кривогаштани. Во тој контекст, ДЗС и пружа безрезервна поддршка на локалната самоуправа, но истовремено и ја насочува кон самостојно градење капацитети, во согласност со законските надлежности.