Weekly News

Logo

22/10/2018

Превентивно и оперативно пребарување и отстранување на предмети од ,,езеро Мантово и Тиквешко езеро,,


Дирекцијата за заштита и спасување ги активира своите тимови за брз одговор за заштита и спасување на вода за да изврши превентивно и оперативно пребарување и отстранување на предмети од ,,езеро Мантово и Тиквешко езеро,, во деновите 09.06.2018 и 10.06.2018 година.

Цел на оваа активност е безбедно спроведување на тренинг вежбите и налети на авио персоналот согласно стандардните оперативни процедури и да бидат подготвени за дејствување во случај на потреба за гасење  пожари на отворен простор. За време на тренажата се ангажираат  4 лица од ТБО за спасување од поплави од ПОЗС Велес и двајца вработени во Дирекцијата  за заштита и спасување како логистичка подршка на тимот.

Согласно годишниот план за редовни налети и тренажа на вода на одделението за специјализирани услуги со воздухоплови на акумулациите ,,езеро Мантово и Тиквешко езеро,, а од досегашните сознанија за состојбата на водите на овие акумулации, постојат наноси на отпаден материјал во водите на езерата од (шишиња, дрва и друго)  од причина што во претходниот период имаше обилни врнежи од дождови.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации