18/04/2024

Третата работна седница на Мрежата за заштита и отпорен Полог

На 12 јуни 2019 година во х.Сириус, Струмица, претставник од Подрачното оделение од Тетово  при Дирекцијата за заштита и спасување,  учествуваше на Третата работна седница на Мрежата за заштита и отпорен Полог на проектот  “Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион”.
На состанокот беше соопштено дека ДЗС ќе биде активно вклучена во подготовката на Планот за управување со ризик од поплави, во  Програмата за отпорен и заштитен Полог за 2019г. како  и во последователните фази на имплементација на проектот.