28/03/2024

Работилница на тема Континуирано унапредување на воените капацитети, системот за заштита и спасување и системот за управување со кризи

Во период од 20-23.05.2019 година се одржа работилница во делот на цивилно - воена соработка (CMEP) под покровителство на Соединетите Американски Држави - (инженериски корпус на Армијата на САД) на тема Континуирано унапредување на воените капацитети, системот за заштита и спасување и системот за управување со кризи.
На оваа работилница зедоа учество на повеќе од 49 лица од повеќе институции, меѓу кои и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување.
За време на работилницата се разговараше за две теми од кои: Градење на национални капацитети и Ревизија на потребната документација за организирање на национални вежби.
Двете работни групи на крајот од работилницата изработија документи како подобро да се организираат национални вежби и како да се унапреди системот за управување со кризи и системот за заштита и спасување.
Последниот ден од работилницата беа направени презентации за раководните лица од институциите со што и истите беа запознаени со целокупните активности за време на оваа работилница.
Дирекцијата за заштита и спасување им се заблагодарува на Соединетите Американски Држави како и на институциите во Република Северна Македонија за несебичната поддршка за време на работилницата за унапредување на системот за заштита и спасување.