18/04/2024

Работилница на тема: „Родова перспектива во намалување на ризици од катастрофи“

На 22.05.2019 година, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување присуствуваа на работилница на тема: „Родова перспектива во намалување на ризици од катастрофи“, организирана од страна на Центарот за управување со кризи во склоп на проектот „ИПА ДРАМ“ во кој се вклучени сите релевантни институции од областа на проценка на ризик и мапирање. Оваа работилница го опфати намалувањето на ризиците согледано низ призмата на родовата еднаквост и улогата на родово разделените податоци во овие процеси.