Weekly News

22/05/2019

Тактичко-показна вежба за заштита и спасување ВИТАЧЕВО 2019


На ден 22.5.2019 год. во организација на ЈП "Национални шуми во соработка со  Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување се одржа обука ,тренинг и вежба на просторните сили на ЈП "Национални шуми" со употреба на специјализираните возила "great wall" 4x4, во справувањето со пожарите на отворен простор. На тренинг вежбата согласно сценариото и можностите на ЈП "Национални шуми" беше проверена соработката и асистенцијата со Одделението за специјализирани услуги со воздухопловите на ДЗС.На вежбата учествуваа 90 учесници од подружниците на ЈП "Национални шуми" од Републиката, Центарот за обука на ДЗС  и Авио одделението на ДЗС.Обуката и тренинг-вежбата ја следеа и мониторираа директорот на ДЗС г-н Аднан Џафероски, генералниот директор на ЈП "Национални шуми" Зоран Ѓоргиев ,претставници од АРМ -Здружена оперативна команда Бригаден генерал Орце Јордев и полковник Жикица Јовановски , претставници од  МВР, претставници од СОЗШУ "Ѓорче Петров" и заинтересирани граѓани .Генералниот директор на ЈП" Национални шуми"  по повод успешната соработка и спроведена обука им изјави посебна благодарност на ДЗС и Центарот за обука при ДЗС, и на другите институции кои земаа учество во обуката.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации