Weekly News

20/05/2019

Симулациска тактичко-показна вежба во Основното училиште Христијан Тодоровски Карпош во с. Драгоманце


По повод одбележувањето на Денот на пожарникарството, вчера, понеделник, 20.5.2019 г. во Основното училиште Христијан Тодоровски Карпош во с. Драгоманце, општина Старо Нагоричане, Подрачното одделение при Дирекцијата за заштита и спасување од Куманово, во соработка со, Локалната самоуправа, просторните сили, ТПП Куманово, Одделението за заштита од пожари и Црвениот крст, одржаа симулациска тактичко-показна вежба, евакуација, заштита и спасување на ученици и вработени загрозени од пожар во училиштето.
 

Ова е уште една вежба со која Дирекцијата покажа дека е на висина на задачата и дека со правилна организација и реагирање на силите во услови на катастрофа од ваков тип, може да се одговори на ситуацијата брзо и координирано без човечки жртви и со мала материјална штета.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации