Weekly News

08/05/2019

Учество на Дирекцијата за заштита и спасување по повод посетата на папата Франциск


По повод посетата на Неговата Светост, папата Франциск во Република Северна Македонија на 6 и 7. мај 2019 година, Дирекцијата за заштита и спасување со конкретни обврски и задачи од Владата зема учество во овој голем настан. ДЗС по барање на МНР, изготви План за евакуација, според Законот за заштита и спасување, а, со цел гарантирање на сигурноста на Високиот гостин и цивилното население кое зема учество во настанот. Мобилизацијата на ДЗС започна вчера во 6ч. наутро, а заврши вечерва во 19ч. со успешно организирање и спроведување на сите предвидени задачи. Денес, ДЗС учествуваше на шест локации со: Тим за евакуација, Тим за урнатини и високи објекти, Тим за поплави со пумпи, Тим за спасување на вода со кајаци, Тим за НУС и згрижување. За спроведување на истото, ДЗС го активира и Главниот Штаб. Имаше и Командно место- Холидеј Ин и Собирни места за евакуација: 1.Холидеј Ин 2.Парк Жена Борец 3.Паркинг помеѓу Дом на АРМ и Собрание на РСМ. 4.Плоштад ВМРО 5.Цветен Пазар Паркинг помеѓу булевар и ул. Народен фронт 6. Платото на Соборен храм Св Климент Охридски. На крајот на акцијата “Папа -2019”, ДЗС може гордо да се издигне како дел од алката на овој голем настан, но, и да каже дека придонесе и одговори и на сите предизвици што беа побарани од неа. На крајот на денот, директорот на Дирекцијата, г-н Аднан Џафероски им се заблагодари на сите учесници за успешно завршената мисија и кажа дека е горд што ДЗС како дел од настанот го поддржа фактот за важноста од постоењето на различните култури и религии, но, и фактот дека денешната посета на папата има историска вредност од политички, културен и пасторален аспект. Со денешната посета, Македонија докажа дека е пример за мирен соживот и мост меѓу Истокот и Западот, а ДЗС дека секогаш ќе биде тука во интерес и служба за заштита, спасување и поддршка на вакви историски важни настани за земјата.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации