23/04/2019
Пронајдена бомба со италијанско потекло од Втората светска војна
На ден 22.04.2019 година, пиротехничар од Подрачно одделение Тетово при Дирекцијата за заштита и спасување интервенираше во отстранување на неексплодирана рачна бомба со италијанско потекло од Втората светска војна. Бомбата е пронајдена на брегот на Дебарско езеро и истата е отстранета од лице место, а,потоа пренесена во просториите на ПОЗС Тетово.