25/04/2024

Семинар на тема „Управување и координација на безбедносниот сектор во Република Северна Македонија“

Претставници од Дирекцијата за заштита и спасување учествуваа на семинар на тема: „Управување и координација на безбедносниот сектор во Република Северна Македонија“, на 17 и 18 Април 2019 година, во Домот на Армијата во Скопје. Семинарот е наменет за вработените во органи на државната управа поврзани со безбедноста и одбраната.