19/04/2024

Обука на пожарникарите од ТППЕ за спасување од сообраќајни незгоди

Согласно соработката помеѓу Дирекцијата за заштита и спасување и ДПТУ „АРМОР ПЛУС“ ДОО увоз-извоз, во рамките на Центарот за обука спроведена е обука на пожарникарите од ТППЕ во Републиката за користење на хидрауличен апарат за спасување од сообраќајни незгоди. Обуката беше одржана на 16 и 17 Април 2019 година (вторник и среда) во просториите на ТППБр на Град Скопје – локалитет Автокоманда во Скопје. Обуката ја извршија овластени лица од компанијата ХОЛМАТРО од Холандија. На обуката учествуваа 59 пожарникати од ТППБр Скопје и ТППЕ Тетово, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Кичево, Битола, Куманово, Велес, Кавадарци, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар. Обуката ја отвори Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-динот Аднан Џафероски, а доделувањето на сертификатите се изврши по успешно спроведената обука од страна на претставниците на компанијата ХОЛМАТРО од Холандија и Заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-динот Екрем Зендели.