19/04/2024

Средба со Јапонската амбасадорка Н.Е.Кеико Ханеда

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Г-н Аднан Џафероски, денес, четврток 4.4.2019 г. Во официјална посета во Дирекцијата, ја прими јапонската амбасадорка, Н.Е.Кеико Ханеда, запознавајќи ја со работата на ДЗС и разговараше за можна идна меѓу-институционална соработка и проекти меѓу Дирекцијата и амбасадата. Џафероски, кажа дека негова замисла е ДЗС која изминативе години како институција беше невидлива во општеството, да стане препознатлива, во што полека но сигурно успева и го трасира резултатот по тој пат. Директорот на ДЗС истакна и дека во целиот систем на заштита, се започнати темелни реформи за кои во иднина за нивно имплементирање ќе биде потребна соработка со нив.На крајот директорот го изрази своето задоволство од посетата со надеж за многу идни заеднички проекти.