28/03/2024

Пронајдено Неексплодирано убојно средство - Рачен ракетен фрлач - зола

На ден 02.04.2019 година, извршена е интервенција по телефонско известување од страна на Кримтехника при МВР Тетово. Интервенцијата е извршена од страна на пиротехничарот Садик Рустеми од Тетово во времето од 17:30 часот до 19:00 часот во населбата „Теќе“ во поранешните простории на „ВП дом„ каде што е пронајдено НУС (Неексплодирано убојно средство - Рачен ракетен фрлач-зола) и е отклонето од самото место во присуство на МВР Тетово и кримтехника. НУС - Неексплодираното убојно средство - Рачен ракетен фрлач-зола е пренесена во просториите на ДЗС-Тетово.