Weekly News

02/04/2019

ВОЗДУХОПЛОВИТЕ НА ДЗС БДЕАТ НАД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


Воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување бдеат над Македонија и покрај девијантната појава-пироманијата која изминативе недели ја тресе Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување и денес на висина на својата задача успешно се справува со сите предизвици и провокации од пироманите. Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, како и досега, така и денес бдееа над територијата на Македонија, активно дејствувајќи овојпат во Крушево. Тие денес беа неминовна поддршка на хеликоптерите на АРМ. Без прекин пилотите активно дејствуваа во рамки на законското време за останување во воздух, до крајните временски лимитации, давајќи го својот максимум. Очигледно е дека апелите за прекин на палењето на шумите не стигнуваат до свеста на поединци.Затоа, ДЗС и натаму будно ќе ја следи ситуацијата и располагајќи со сите свои ресурси ќе се справува со предизвиците пред кои е изложена, потврдувајќи ја својата моќ на дејствување.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации