29/03/2024

Aктивности од иницијативата на ОБСЕ за градење сеопфатен план за справување со мигрантска криза во Македонија

Мигрантската криза, како современ глобален феномен, се уште е актуелна во Република Македонија. Во таа насока, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, господин Аднан Џафероски, се сретна со госпоѓа Maria de Benito Rodiguez и господин Идриз Ибраими од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје.
Средбата беше поврзана со продолжувањето на активностите од иницијативата на ОБСЕ за градење сеопфатен план за справување со мигрантска криза во Македонија, во кој прецизно ќе бидат дефинирани надлежностите на компетентните институции .
Тема на разговор беше и ОБСЕ да ја поддржи Дирекцијата за заштита и спасување во реализација на кампања за подигање на свеста кај населението за значењето на шумите како природен ресурс и неопходноста од нивна заштита од пожари.