Weekly News

15/03/2019

Иницијален состанок за организирање и спроведување на Интерактивна оперативна вежба на просторните сили за заштита и спасување


         На иницијатива на повеќе правни субјекти, на ден 15.03.2019 година во просториите на Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување се одржa Иницијален состанок за организирање и спроведување на Интерактивна оперативна вежба на просторните сили за заштита и спасување со учество на претставници од Дирекцијата и други субјекти од системот за заштита и спасување во Републиката. На состанокот присуствува претставници на менаџментите и службите за безбедност и заштита и спасување од:

- МАКПЕТРОЛ АД СКОПЈЕ - ЈП МЖ Инфраструктура,

- АД Транспорт Македонски железници,

- ЈП Македонски Шуми,

- ТАВ Македонија,

- Град Скопје,

- ТППБр Скопје -

- ОКТА АД Скопје

- РО на Црвениот крст,

- Алкалоид АД Скопје,

- Клиничка болница Аџибадем Систина.

          Од ДЗС присуствуваа и претставници од - секторите и ОСУВ на ДЗС Според идеите, искуствата,замислите и реалната пракса предложени се можни сценарија за Интерактивната оперативна вежба кај овие субјекти од аспектот на менаџирањето во заштитата и спасувањето при појава на техничко-технолошки несреќи и хаварии на објекти во Република Македонија и појава на масовни пожари на отворен простор на одреден регион. Разговарано е и за можното користење на сопствените и расположливи капацитети и ресурси и нивно вклучување согласно потребите при појава на природните непогоди и други масовни несреќи во Републиката. Дирекцијата за заштита и спасување преку Центарот за обука, со поголем дел од иницијаторите и поканетите надлежни структури веќе има повеќе годишна соработка во организацијата и спроведувањето на соодветни обуки, тренинзи и вежби со силите за заштита и спасување кај овие субјекти и за таа цел е иницирана активност за планирање. Интерактивната оперативна вежба за која надлежните менаџменти треба да се изјаснат и донесат одлуки за нејзино прифаќање и организирање. Истотака е заклучено на наредниот состанок да се вклучат и други заинтересирани субјекти од други институции, невладини хуманитарни организации, здруженија на граѓани заради консултација, размена на мислења и искуства и предлагање и ангажирање на стручни и професонални лица и слично, за поуспешно и поквалитетно организирање на евентуалната вежба. За наредниот состанок ќе се разгледааат предлагаат можните сценарија за загрозеност на субјектите како основа за планирање на евентуалната Интерактивна оперативна вежба за заштита и спасување.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации