19/04/2024

Работилница на Светската здравствена организација

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски денеска, на 3.11.2019, присуствуваше на работилницата на Светската здравствена организација, посветена на процесот на заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник, усвоен од Генералното собрание на СЗО. Со Меѓународниот здравствен правилник земјите членки се обврзуваат да преземат мерки и активности во однос на превенција, контрола и навремен јавно-здравствен одговор при меѓународно ширење болести.