19/04/2024

Презентација на учениците од шесто одделение во ОУ "11 Октомври" во Скопје за заштита од природните непогоди и другите катастрофи

Денес, 07.03.2019 година, Дирекцијата за заштита и спасување одржа презентација на учениците од шесто одделение во ОУ "11 Октомври" во Скопје.На истата учениците беа запознаени со причините за настанување на природните непогоди и другите катастрофи како поплава,пожар и земјотрес и како да се заштитат од истите. Учениците беа интерактивни и заинтересирани и поставуваа прашања на предавачите.Им беа делени и флаери за заштита од поплава, а на огласната табла од училиштето беше залепен постер за заштита од поплава.