29/03/2024

Одржана обука насловена како "Поплави и како да се заштитиме за време на поплави"

Денес 07.03.2019 година во училиштето "Страшо Пинџур"-Неготино, Подрачното одделение при Дирекцијата за заштита и спасување одржа обука насловена како "Поплави и како да се заштитиме за време на поплави".Учениците интерактивно учествуваа со прашања поврзани околу оваа катастрофа и со тоа го надградија своето знаење. Дирекцијата за заштита и спасување обуките за поплави паралелно ќе ги одржува во основните училишта на сите градови од земјата.