Weekly News

18/03/2019

ДЗС со апел до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови


Поради зачестените полски и шумски пожари деновиве, Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови. Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација. Исто така, граѓаните не треба да вршат палење на отпад и друг горлив материјал и да не фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Доколку забележат пожар на отворен простор граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции. Од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информации зависи и исходот, односно успехот на акцијата за гасење на пожарот. Дирекцијата за заштита и спасување будно ја следи ситуацијата со пожарите во државава и реагира онаму каде што е потребно, во интерес на граѓаните и животната средина.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации